Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години – пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот
Економија

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години – пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

03/12/2024

AA

Од Левица остро се спротивставија на предлогот на Фискалниот совет, старосната граница за пензионирање да се зголеми на 67 години. 

Велат дека власта наместо да го подобри стандардот на пензионерите, го прави обратното. 

„Владата предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо да креира политики за зголемување и подобрување на пензионерскиот стандард – истата работи против интересите на идните пензионери! Загрижувачки се информациите дека Владата, по препорака на  Фискалниот совет, има намера да ја зголеми границата за пензионирање на 67 години. Македонија со години се соочува со одлевање на млада и работоспособна сила која поради погрешните трудови политики, приоретизирањето на останати критериуми како етничката припадност, наместо стручноста и компетентноста; поради ниските плати; повредите на работничките права – сѐ повеќе ја бараат среќата вон државата. Ваквите политики коишто Владата има намера да ги преземе, не само што нема да ги задржат младите тука, туку истите, дополнително, ќе стимулираат нивно отселување надвор од државата“, изјави координаторката на Програмскиот сектор Социјала при Политичката партија  Левица,  Катерина Јовановска. 

Левица е категорично против зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

„Нашиот став е јасен и непроменлив: Старосната граница за пензионирање треба да се намали на 60 години за жени и 62 години за мажи. Исто така, предлагаме да се утврди минимална пензија и изградба на дополнителни старечки домови. Бидејќи изговорот со кој Фискалниот совет ги предлага овие мерки се надминување на финансискиот јаз и дупка во ПИОМ, ѝ препорачуваме на Владата теретот за лошата ликвидна состојба на ПИОМ да не го префрла врз пензионерите, туку да направи итна ревизија на финансиското работење за ПИОМ, да ги уапси криминогените структури коишто работеа со Фондот и во иднина да креира домаќинско работење на истиот. Левица ќе се спротистави на спроведувањето на ваквите погрешни политики и нема да дозволиме зголемување на старосната граница за одење во пензија!“, вели Јовановска. 

Додава дека пензионерите заслужуваат подобар и достоинствен живот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy