Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕВИЦА: Македонија со најниска минимална плата во Европа
Економија

ЛЕВИЦА: Македонија со најниска минимална плата во Европа

11/07/2024

AA

Од Левица велат дека условите за работа во некои дејности се опасни, а Македонија има најниска минимална плата во Европа. 

Како работничка партија, Правото на работа #Левица го третира како основно човеково право, затоа што преку истото, луѓето ја обезбедуваат својата егзистенција.

„За жал, работниците во Македонија важат за најнископлатени во Европа, а според тоа во какви услови работат работниците, нивната заштита на работното место претставува дополнителен и, можеби, и уште посериозен проблем. Во Македонија минатата година, животот на работното место го загубиле 15 работници, односно стапката на смртни случаи на работно место во Македонија изнесува 2,16 случаи на секои 100.000 вработени за 2023 година и енормно високи или 3.17 случаи – споредбено со претходната 2022 година. За споредба, просекот на смртни случаи на работно место во земјите од ЕУ изнесува 1,76 случаи на 100.000 работници“, велат од партијата. 
Минатата година биле регистрирани вкупно 93 повреди при работа, што покажува параметар од 13,42 повреди на работно место на секои 100.000 вработени и енормно висока стапка од 21,21 повреди на работно место на секои 100.000 работници во 2022 година.
„Доколку на сето ова се додаде дека огромен број на несреќни случаи воопшто не се пријавени, оваа статистика е уште позагрижувачка и далеку под стандардите во ЕУ кон која стремиме. На сето ова доколу се додаде и новата статистика на Евростат, согласно која македонските работници добиваат најниска минимална плата во Европа, не е тешко да се заклучи дека рајот на богатите е направен врз пеколот на сиромашните. Конципирањето на новата Влада, предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ, Министерството за труд го подреди под Министерството за економија, со што веднаш се најави политика во интерес на капиталот, кој е ставен на прво место и кој ќе се гради и ќе напредува на грбот на работниците! Оттука, како единствен начин за заштита на правата и интересите на работниците го гледаме нивното политичко дејствување против олигархијата на власт! Затоа, Левица принципиелно ги поддржува барањата на синдикатите и работниците за зголемување на минималната плата! Не смееме да дозволиме богатење на една класа, за сметка на работата на друга. Бараме Владата да спроведе строга контрола на работата на Трудовиот инспекторат, кој е единствената брана што го заштитува работникот. Ги охрабруваме работниците да го пријавуваат секое незаконско постапување на работодавачите и инвеститорите кое ги нарушува нивните права! Особено, доколку тоа е поврзано со заштитата при работа на нив и нивното здравје“, додаваат од Левица. 
Отворени се за соработка со синдикатите и артикулирање на проблемите во кои живеат работниците во Собранието и за со цел надминување на истите преку институционална борба на нашите пратеници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy