Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕВИЦА ГИ АЛАРМИРА РАБОТНИЦИТЕ – имале информации дека новата власт преговара за враќање на недела како работен ден
Економија

ЛЕВИЦА ГИ АЛАРМИРА РАБОТНИЦИТЕ – имале информации дека новата власт преговара за враќање на недела како работен ден

28/07/2024

AA

Опозициската партија Левица алармира дека, како што велат, „според информациите во јавноста кои протекле од дијалогот меѓу Стопанската комора и премиерот Мицкоски, десничарската влада ДПМНЕ-ЗНАМ е во анти-работничка офанзива со цел НЕДЕЛА повторно да добие статус на РАБОТЕН ДЕН!“

„Наместо да го заштити интересот на работниците, Премиерот, којшто лета во бизнис класа (затоа што има болки во колената), во име на Владата, пред комората на олигархијата покажа спремност да отвори “дијалог” со синдикатите преку кој на работниците ќе ја наметнува волјата на олигарсите!

Оваа најава доаѓа во првиот месец од владеењето на ДПМНЕ и ЗНАМ, кои преку медиумите претходно во етер ја пуштија и “патката“ за подигање на старосната граница за пензионирање во Македонија.

Недозволиво е во време кога драстично расте незадоволството кај македонскиот работник и каде имаме континуирано иселување на работниците од Македонија, да се преговара за одземање на работничките права и ставање на работникот исклучиво во подредена положба на бизнис секторот. Ова дополнително ќе го стимулира иселувањето и незадоволството кај македонските работници!

Ваквиот брутално капиталистички однос кон работниците од десничарската Влада за нас е очекуван… Особено по реконструкцијата на Владата, каде Министерството за труд, се потчини на Министерството за економија! Новата Влада има очигледна намера, рајот на богатите (од каде што потекнуваат и се финансираат тие) да го градат врз пеколот на работниците.

Ако Мицкоски најавува дијалог со коморите за враќање на недела како работен ден, Левица најавува дијалог со синдикатите, но и со работниците, за организирана борба против робовладетелскиот нагон на збеснатата власт!

Нема да дозволиме Работникот да биде поставен на дното на општеството и претворен во слуга на капиталот. Како работничка Партија на трудот, заедно со работниците, најавуваме бескомпромисна борбa против обидот за одземање на ова круцијално работничко право!

Не за богатење врз гробот на работниците!“, пишуваат од Левица во своето соопштение  до јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy