Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица бара укинување на друштвата за брзи кредити – „профитираат од сиромаштијата на народот а Владата не нуди никакви мерки!“
Македонија

Левица бара укинување на друштвата за брзи кредити – „профитираат од сиромаштијата на народот а Владата не нуди никакви мерки!“

18/05/2023

AA

Политичката партија Левица бара итно укинување на друштвата за брзи кредити кои профитираат од сиромаштијата на народот.

Од таму велат дека во услови на растечка сиромаштија и енормна стапка на инфлација, Владата предводена од социјал-демократи не нуди никакви суштински мерки за заштита на социјално загрозените граѓани, за што говорат мегаломанските профити на современите лихвобанкари.

„Дека од кризата се погодени само најсиромашните граѓани, потврдува заработката на банкарскиот сектор, кој од година во година се зголемува, благодарение на отсуството на волја кај Владата да воведе сериозни ОГРАНИЧУВАЊА на банкарските давачки.

Покрај банките, својата шанса да ПРОФИТИРААТ од кризата ја увидоа и друштвата за издавање на брзи кредити, на кои главните приходи им се базираат на камати и административни трошоци за позајмени пари. Вкупниот приход на сите небанкарски финансиски друштва што се занимаваат со кредити (31 на број) во 2021 година изнесувал 45,8 милиони евра, а нивната вкупна нето- добивка изнесувала 10,5 милиони евра!

Министерството за финансии минатата година до Владата поднесе предлози за промена на Законот за финансиски друштва, со кои „се зголемува заштитата на граѓаните’’ при користење на ваков тип на услуга. Но, лицемерието и наводната грижа за граѓаните се гледа во тоа што Министерството за финансии единствено бара да се зголеми главнината за отворање на ваков тип друштво – додека НЕ ПРЕДЛОЖУВА КОНКРЕТНИ МЕРКИ за заштита на граѓаните, ниту пак за намалување на каматите и административните трошоци, кои се главните извори на заработка на овие друштва.

Левица, како единствена парламентарна партија која е ослободена од стегите на олигархијата, се залага за целосно укинување на ваков тип финансиски друштва (кои нудат услуги на брзи кредити поради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на клиентите), како и воведување ДРЖАВНА комерцијална Банка за бескаматно кредитирање на населението“, – велат од Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy