
Левандовски од пенал го реши Рајо: Барселона е нов лидер во Ла Лига (ВИДЕО)
Барселона стигна до водство во 28. минута од натпреварот, кога Роберт Левандовски беше прецизен од пенал и го матира голманот на Рајо Валјекано.
Гостинскиот состав имаше неколку добри шанси до крајот на првите 45 минути, меѓутоа не ги искористи.
Второто полувреме повторно понуди возбудувања, а Рајо имаше огромна шанса во завршницата за израмнување, меѓутоа истата не беше реализирана од гостите.
Барселона е лидер со 51 бод и подобра гол-разлика од Реал Мадрид, по што следи Атлетико Мадрид на третото место со 50 поени.
