Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЛЕСНО Е СО 160 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА ДА КАЖЕТЕ ДЕКА СО 20 ИЛЈАДИ СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО“ – што порачаа синдикалците од протестите
Економија

„ЛЕСНО Е СО 160 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА ДА КАЖЕТЕ ДЕКА СО 20 ИЛЈАДИ СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО“ – што порачаа синдикалците од протестите

01/05/2025

AA

Синдикалците кои протестираа упатија неколку пораки до власта, да се зголемат платите и да се подобрат условите за работа.

На своите колеги синдикалци, пак, кои денеска не излегоа да протестираат, им порачаа да се засрамат.

Лесно е со 160.000 месечна плата да кажете дека со 20.000 се живее добро. Бараме 500 евра минимална плата помножена со коефициент за сложеност, порача од пред Владата претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

„Ние сме тука, а квази-синдикалците се дома. Оваа Влада нема проблем со тие квази-синдикалци, ние имаме. Ветувам дека ќе дојдеме многу повеќе доколку не ја зголемат минималната плата“, истакна Трендафилов.

Бараме Владата да биде на страна на работниците, нејзините гласачи, а не на страна на газдите, додаде Трендафилов кој праша дали Владата сака евтина работна сила за да ги нуди на странските инвеститори како робови.

Лидерот на ССМ потсети дека минатата година актуелнава Влада, која тогаш беше опозиција, ги поддржуваше барањата на Синдикатот.

Срам да им е на „синдикатите“ кои не излегоа да протестираат, порача денеска од пред Владата Кристина Ампева.

Ампева спомна дека Македонија има најниска минимлна плата во регионот, најниска стапка на раст на економијата, а функционерите си ги зголемија платите за 79 отсто, службени возила, патни трошоци и слично.

„Покачете ја минималната плата на 500 евра веднаш!“, порача Ампева.

Претходно Благоја Ралповски изјави дека власта ги исполнува синдикалните барања и затоа тој нема да протестира, туку ќе го прослави празникот со семејството. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy