Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Лесја Украинка“ ги повика руските дипломати во земјава да ја осудат војната против Украина
Македонија

„Лесја Украинка“ ги повика руските дипломати во земјава да ја осудат војната против Украина

31/03/2023

AA

Само според Обединетите нации, повеќе од 8 000 лица загинале за време на војната во Украина, од кои 500 се деца. Тоа е официјален податок што можеме да го провериме и да го потврдиме. Но, колку точно луѓе го загубиле животот ќе дознаваме со години, беше речено на денешниот митинг по повод една година од Бучанската трагедија, што се одржа во паркот „Жена борец“.

Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович потсети на жртвите и на настраданото цивилно население од руската инвазија во неговата држава.

Поради направените злосторства, нагласи Урбанович, на Русија не смее да и се дозволи учество на Олимписките игри ниту под белото знаме.

Тој официјално се обрати и до Руската амбасада, јавно повикувајќи ги руските дипломати во Северна Македонија да ја осудат, како што рече, варварската, напаѓачка војна против Украина што ја почна злосторничкиот режим на Владимир Путин.

-Служите во земја со слободни и независни медиуми и имате пристап до информации без пропаганда. Гледате информации за смртта на невините украински деца, жени и мажи кои ја бранат својата држава од неиспровоцираната и незаконска агресија на „рускиот мир“. Ги повикуваме оние од вас кои имаат совет и чест: излезете од овој круг соучесници на злото, немојте да бидете лажговци и лакеи на режимот. Немојте да бидете соучесници во руските злосторства кои режимот на Кремљ ги извршува во Украина, рече Урбанович.

Според него, руските дипломати ја губат довербата и почитта низ целиот свет.

-Вашата земја и вашите власти водат напаѓачка војна против независната држава и народ на Украина, која го избра својот независен, демократски пат. Не поделувајте ја одговорноста за извршените злосторства, убиства, геноцид и терор. Целиот свет ги виде последиците од руската окупација на Буча, која траеше еден месец, каде беа пронајдени десетици тела на цивили расфрлани низ градот со знаци на тортура. Секое следно населено место, ослободено од Вооружените сили на Украина, откриваше монструозни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од руските „војници“. Вие сте на исто ниво со оние кои создаваат масовен терор, убиваат цивили, бомбардираат и уништуваат украински градови, гранатираат станбени области – ова го гледа целиот цивилизиран свет. Т.н. руска армија се претвори во глутница од осуденици и криминалци, ограбувачи, садисти и убијци, наведе претседателот на „Лесја Украинка“ и потсети дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг веќе распиша меѓународни потерници за апсење на Путин, како и за комесарката за правата на децата Лвова – Белова.

Урбанович на митингот упати посебна благодарност до Северна Македонија за поддршката и ја нарече „братска“.

-Вашата поддршка во авиони, тенкови и хеликоптери навистина многу ни значи и нема никогаш да го заборавиме тоа, подвлече Урбанович.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy