Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се вработуваат најдобрите кандидати, нема веќе претрчување од примарно во терцијарно здравство
Македонија

ЛЕКАРИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА РАБОТАТ ДО 70-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Ќе се вработуваат најдобрите кандидати, нема веќе претрчување од примарно во терцијарно здравство

20/02/2026

AA

Докторите на клиниките ќе можат да работат до 70-годишна возраст и да ја задржат пензијата со цел да се искористи нивната стручност и да се пополни недостигот на кадар, предвидуваат предложените измени на Законот за здравствена заштита. Предлагач на измените е Министерството за здравство и тие се објавени на страницата на ЕНЕР за разгледување и коментирање од заинтересираната јавност.

Измените се однесуваат на пензионирањето, специјализациите, вработувањето на најдобрите студенти и на изборот на раководен кадар во здравствените установи.

Ќе се вработуваат најдобрите кандидати

Во делот на вработување на здравствените работници и здравствените соработници во јавните здравствени установи, според постоечкиот закон пријавувањето на кандидатите се врши врз основа на оглас кој се објавува во дневниот печат со рок за пријавување од 5 дена. Според предлог-измените, за да се зголеми транспарентноста на огласите за вработување, тие ќе се објавуваат на интернет страниците на Агенцијата за администрација, Агенцијата за вработување и на јавната здравствена установа и ќе се зголеми рокот на пријавување. Со тоа ќе се овозможи поголем број заинтересирани кандидати да се пријават на огласите за вработување.

„Поради тоа што на огласите за вработување досега не се вработуваа најдобрите кандидати, се предлагаат измени во постапката за вработување, преку подигнувањето на нивото на комисијата за селекција на здравствен работник. Комисијата повеќе нема да ја предлага директорот, туку стручниот колегиум на здравствената установа и тоа за секое огласено работно место посебно. Комисијата за селекција ќе биде составена од редот на здравствените работници вработени во установата, од областа за која се врши селекција“, се вели во објаснувањето на причините поради кои се потребни законските измени.

Самата постапка за вработување ќе се спроведува во три фази и тоа административна селекција, прелиминарна селекција и интервју. Промена има и во делот на бодирањето на кандидатите, во зависност од успехот во високообразовната установа, односно во средното училиште, резултатите од стручниот дел кој се полага електронски, познавањето на еден од светските јазици и од интервјуто.

„Согласно резултатите од постапката за вработување, директорот е должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат“, се вели во предлог-измените.

Забрана за преземање лекари од примарно во терцијарно здравство

Се предвидува забрана за преземање здравствени работници од примарното и од секундарното здравство во терцијарното здравство. Оваа забрана е воведена затоа што е утврдено дека има појава на краткотрајно вработување во примарното или секундарното ниво на здравствена заштита, а со крајна цел преземање во терцијарно ниво.

Во врска со постапката за вработување во здравствени установи на терцијарно ниво, таа се воедначува со постапката за вработување на примарно и секундарно ниво, при што останува дополнителниот услов кандидатите да имаат постигнат просечен успех од најмалку 8 од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии.

Најдобрите студенти ќе имаат приоритет

Поради досегашната практика и покрај постигнатиот успех во студирањето, најдобрите студенти да не можат да се вработат, се предвидува можноста за вработување на најдобрите по успех дипломирани доктори на медицина на медицински факултет во Македонија.

Доколку се пријават на оглас за вработување имаат приоритет и во тој случај не се спроведува постапка за селекција на кандидат, туку тие приоритетно се вработуваат во јавната здравствена установа, се наведува во предлог-измените.

Ограничено именување вршител на должност директор

Ако не е именуван директор на јавна здравствена установа врз основа на јавен конкурс, министерот за здравство именува вршител на должност директор.

„И покрај привремениот карактер на оваа функција која е предвидена да трае најмногу 6 месеци додека не се именува директор врз основа на јавен конкурс, во досегашната примена на законот имаше случаи на повеќекратно именување на вршител на должност директор. За надминување на оваа ситуација и за забрзување на постапката за именување директор на јавна здравствена установа се предвидува именувањето вршител на должност директор да биде најмногу 2 пати, по што управниот одбор на јавната здравствена установа именува вршител на должност директор“, се вели во законските измени.

Поради случаите здравствени работници да вршат здравствени услуги без поседување лиценца за работа или положен стручен испит, се предвидува прекршочна санкција за правното лице и за одговорното лице во правното лице.

Владата ќе одредува кои специјализации се потребни

Во делот на специјализациите има потреба од прецизирање на начинот на распределба на средствата кои специјализантите, односно супспецијализантите ги плаќаат на високообразовните установи. Согласно Законот, здравствените работници со високо образование за да специјализираат мора да имаат најмалку 6 месеци работа во примарна здравствена заштита или да се вработени во здравствена установа. Овој услов не важи за специјализации од областа на стоматологијата и фармацијата. Имајќи го предвид долгогодишното траење на студиите на медицинскиот факултет, од кои пред дипломирањето студентите го поминуваат на практична работа, а исто така услов за полагање на стручниот испит за лиценца е да имаат пробна работа од една година, односно 6 месеци, уште 6 месеци работа за студентите на медицина пред специјализација се непотребно оптоварување, се наведува во предлог-измените.

Во делот на кофинансираните специјализации се јавува потреба од прецизирање на одредбите.

„Со оглед на појавата специјализациите кои се плаќаат со лични средства да не ги следат реалните потреби, се предвидува Владата да донесува програма со која ќе се определи бројот на специјализации односно супспецијализации, соодветно на потребите во државата“, се прецизира во предлогот.

Ќе работат до 67 години само ако има потреба

Согласно член 204-а од Законот за здравствена заштита сега е предвидена можноста здравствен работник односно здравствен соработник да побара да го продолжи вработувањето најмногу до 67-годишна возраст, заради непречено вршење на здравствената дејност, по што директорот е должен да го продолжи вработувањето. Во практика има случаи кога продолжувањето на вработувањето не е неопходно за потребите на работата на здравствената установа, но директорот е должен да го продолжи вработувањето.

Од тие причини се предвидува продолжувањето на вработувањето до 67 години да биде само доколку навистина има потреба. За ова е потребно претходно позитивно мислење од стручниот колегиум, со согласност на вработениот, Министерството за здравство и Фондот за здравственото осигурување.

По потреба лекарите може да работат до 70 години

Поради недостиг на искусни кадри од одредени специјалности и искористување на стекнатата стручност на докторите на медицина – специјалисти, односно супспецијалисти, се предлага можноста истите од навршување на 67 години до навршување на 70 години возраст со договор да бидат ангажирани во здравствени установи и да ја задржат пензијата. Ангажирањето ќе биде врз основа на согласност од Министерството за здравство и од ФЗОМ, се наведува во предлог-измените.

Се предвидуваат измени и во делот на престанокот на закуп на простор и опрема на делови од јавните здравствени установи, така што тие ќе престанат со работа со денот на остварување на старосна пензија, а не со денот на исполнување на услови за старосна пензија на лекарот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45759
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy