
ЛЕКАРИ ИМ ГО ПРЕПИШУВАЛЕ „ОЗЕМПИК“ НА ЛУЃЕТО КОИ САКААТ ДА ОСЛАБАТ: Скандал со недостиг на лекови за дијабетичарите во Србија
Се разгорува
состојбата во Србија откако болните од дијабетес не можат да дојдат до лекот
Оземпик (инјекција), бидејќи ја купуваат луѓето кои сакаат да ослабат.
Изминативе неколку месеци има постојан недостиг на на лекови за
дијабетес за кои бепе објавено дека
се продаваат и на огласи, но од денеска за ваквата состојба се вклучи и
инспекцијата која утврдила дека има препишување на поголема количина од
вообичаената за еден месец.
Српски Курир
денеска пишува дека настојувањето за брз, но и ризичен начин за слабеење
е толку голем во Србија, што
Републичкиот фонд за здравствено осигурување (РФЗО) морал да преземе поголема контрола.
– Лекот Оземпик е регистриран во Србија исклучиво за третман
на дијабетес, кој се издава на осигуреници на товар на Фондот. Овој лек се
препишува по мислење на специјалист по интерна медицина или ендокринологија,
кога нивото на шеќер не е регулирано со досегашната терапија. РФЗО изврши контрола на препишување на
лекот Оземпик во Здравствени домови на ниво на цела Србија. Од вкупно 73
организирани досегашни инспекциски надзори, констатирани се неправилности во 46
здравствени установи, и тоа препишување лекови надвор од условите под кои се
плаќа од РФЗО, како и препишување на поголема количина од вообичаената за еден
месец. Контролите се уште траат, а со тие Здравствени домови ќе покренеме постапка
за обесштетување на штетите, изјави
Горана Пешиќ од РФЗО.