
ЛЕГЕНДАРНОТО ФЕРАРИ НА ШУМАХЕР ПРОДАДЕНО ЗА СКОРО 16 МИЛИОНИ ЕВРА: Аукција на Sotheby’s пред Големата награда на Монако
Ферарито со кое легендарниот Михаел Шумахер победи на
Големата награда на Монако во 2001 година е продадено на аукција за 15,98
милиони евра (13,43 милиони фунти). Шумахер се тркаше и на Големата награда на
Унгарија, каде што исто така победи и ја освои четвртата од своите седум титули
светски шампион таа година.
Автомобилот беше продаден на аукција во аукциската куќа „ Sotheby’s“ пред да се квалификува за овогодинешното Гран При на Монако,
јавува Би-Би-Си. Тоа беше и четвртиот најскап автомобил од Ф1 што некогаш е
продаден, а светскиот рекорд беше поставен во февруари кога „стримлајнерот“ на
Мерцедес, возен од Сер Стирлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо, беше продаден за 42,75
милиони фунти.
Ова е најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција што
го возел Шумахер, а претходниот рекорд го држеше неговиот F2003 од 2002 година,
кој беше продаден за 9,75 милиони фунти.
фото: Фактор