Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Тие што молчеа додека системот се распаѓаше, денес глумат загриженост
Македонија

Тошковски: Тие што молчеа додека системот се распаѓаше, денес глумат загриженост

25/05/2025

AA

„Во изминатите месеци, освен што бевме целосно посветени на немилосрдна борба со криминалот и корупцијата, борба која ја водиме без пардон, напорно работиме и да ги исчистиме нередот, негрижата и неправдите што беа оставени внатре во самото Министерство, токму од тие што денес најгласно нè напаѓаат“, вели министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук, Панче Тошковски.

И токму сега, кога конечно го враќаме достоинството на македонската полиција, чекор по чекор, со конкретни решенија, подобри услови, нови униформи и нова опрема, токму тие што ги оставија полицајците без униформи, принудени сами да си крпат, шијат или позајмуваат делови од пензионирани колеги имаат образ да зборуваат за наводни криминални тендери. Тие што молчеа додека системот се распаѓаше, денес глумат загриженост. Во својот очај, измислуваат лаги и се обидуваат да фрлат сенка врз сè што конечно се движи напред, затоа што знаат дека времето на неказнивост, хаос и наместени тендери ЗАВРШИ“, нагласува Тошковски и додава:

„Во однос на обвинувањата поврзани со тендерот за набавка на униформи за специјалните единици, важно е граѓаните да ги знаат фактите, јасно, прецизно и без политички манипулации. Прво, важно е да се истакне дека МВР нема склучено договор за директна, еднократна исплата на наведената сума одеднаш, туку склучена е рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години. Разликата е клучна, самата рамковна спогодба не предизвикува директна финансиска обврска за Министерството, односно финансиски обврски се преземаат само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите.

Исто така, една од главните „замерки“ е зошто не се барало долгогодишно искуство или поголем број вработени. Нашата логика е јасна и е исклучиво во интерес на државата, а тоа е поттикнување на конкуренцијата и фер пристап. Премногу строги критериуми често ги елиминираат малите и средни претпријатија, кои во Македонија се најконкурентни и често можат да понудат најдобри цени. Наша цел е да добиеме најдобар квалитет по најповолна цена, а тоа го постигнуваме со овозможување на поширок круг на понудувачи. Законот за јавни набавки не предвидува исклучување на фирма само поради тоа што е новорегистрирана или има помал број вработени и ние целосно постапуваме согласно неговите одредби.

Наместо само на историјат на понудувачите, ние се фокусиравме на она што е најважно, реалниот квалитет на производот. Затоа, клучните услови беа задолжителна достава на мостри и лабораториски анализи. Секој понудувач мораше да достави примероци од униформите и делови од униформа, а мострите беа предмет на лабораториски анализи и испитувања од независни акредитирани лаборатории. Важно е да се нагласи и дека техничките спецификации за униформите и нивните делови се уредени со Правилник кој е јавно објавен во Службен весник. Тоа значи дека тие се стандардизирани и нема можност за какво било влијание врз нивната содржина, што обезбедува еднаков пристап за сите економски оператори.

Покрај квалитетот, клучен фактор е и цената. Анализата покажа дека разликата помеѓу највисоката и најниската понудена цена во постапката е 14,4% за дел 1 и 27,9% за дел 2 од набавката, што ја потврдува конкурентноста на тендерот и добиените поволни цени. За да се обезбеди дополнителна сигурност, за секоја поединечна нарачка се бара банкарска гаранција од 5% од износот на таа конкретна нарачка. Ова е дополнителен механизам за заштита на буџетските средства и осигурување на квалитетот и навремената испорака. Целата постапка беше максимално транспарентна, со продолжување на рокот за поднесување понуди, од 32 на 55 дена, за да се обезбеди фер шанса за сите. Дополнително, постапката беше предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не беа најдени никакви неправилности“.

Понатаму во објавата Тошковски вели:

„Јасно е дека нападите кои се шират овие денови не се резултат на вистинска загриженост за законитоста, туку обид за политичка конструкција и дефокус од вистинските реформи. Наместо идеи и решенија, повторно гледаме координирани напади, дезинформации и обвинувања без основа, сè со цел да се фрли сенка врз процеси кои за првпат се водат со целосна транспарентност и отчетност. Кога СДСМ и Левица, партии со спротивставени реторики и интереси, ќе се најдат на иста страна, тоа не е коинциденција, туку потврда дека сме на прав пат.

МВР под мое раководство ќе продолжи да работи професионално, отчетно и во целосна согласност со законите, со јасен фокус на безбедноста и градењето систем што ќе обезбеди ред, сигурност и доверба во институциите“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ

24/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите

24/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени,

24/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45765
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата потврди дека е уапсен на

24/09/2026

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, по три години поминати во бегство се вратил во државата. Тој

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата потврди дека е уапсен на

24/09/2026

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, по три години поминати во бегство се вратил во државата. Тој

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ СТАН ВО ДАЈМОНД МОЛ? Ексминистерот

24/09/2026

Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделие, поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy