
Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите
Легендарниот воз “Шпанец”, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на голема врата!
Оваа информација на Фејсбук ја објави директорот во МЖ Транспорт, Игор Коруновски.
„Денес го тестиравме целосно обновениот и модернизиран воз со нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор. Подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек. Следуваат уште новости – останете со нас!“, порача Коруновски.

