Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Легендарната пекара го затвори својот бизнис пред Божиќ, по 70 години работа
Македонија

Легендарната пекара го затвори својот бизнис пред Божиќ, по 70 години работа

25/12/2023

AA

Познатата пекара Хари, која се наоѓа во британскиот град Бедворт, престана со работа само два дена пред католичкиот Божиќ, кој се слави денеска. Сопствениците на пекарницата емотивно им се заблагодарија на своите клиенти за довербата, додека се подготвуваа за затворање, по 70 години работа.

Пекарата официјално е затворена од саботата, а Би-Би-Си потсетува дека овој семеен бизнис го најави затворањето во ноември. Сопственици се браќата Мартин и Ендрју Твигер, кои за радиото CWR изјавија дека биле трогнати од реакциите на заедницата, односно лојални клиенти, но дека сепак одлучиле да го стават клучот во бравата.

Инаку, јасно е дека на овој потег ги навела инфлацијата, иако се занимаваат со семејниот бизнис уште од детството. Едноставно повеќе не можеа да се носат со месечните сметки за струја од по 1.100 фунти.

– Не вреди повеќе да се работи – рекол Мартин Твигер (68).

Сепак, потсетувајќи се на својата работа, тој изјави дека браќата секогаш ќе се трудат да го извлечат најдоброто од сè што прават. „Не сакаме да правиме нешто од што нема да извлечеме максимум“, објасни тој.

Во меѓувреме, Ендрју Твигер опиша како често ги напуштале своите кревети помеѓу полноќ и 1 часот по полноќ за да го започнат својот работен ден. „Стануваш во глупаво време, имаш болки, почнуваш со работа и завршуваш доцна“, рече тој.

Тој ги повика луѓето да ги поддржат локалните бизниси, велејќи дека „тие нема да бидат вечно наоколу“, а неговиот брат им се заблагодари на сите што го поддржуваа нивниот семеен бизнис низ годините: „Се надеваме дека ќе го ценат она што го вложивме за да ги нахраниме“, додаде тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Иран негираше напад врз Израел по почетокот на прекинот на огнот

24/06/2025

Иранската државна телевизија денес негираше дека земјата испалила ракети кон Израел само неколку часа откако договореното примирје требало да стапи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy