
Лефков со реакција на изјавата на Груби: Знае дека кај Мицкоски не му поминуваат криминалите
На изјавите на вицепремиерот Артан Груби дека ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да ги спречи проектите за коридорите, реагираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој преку социјалната мрежа фејсбук напиша:
„Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има“, вели Лефков.

