Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лефков: Блиски луѓе на Груби трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува
Македонија

Лефков: Блиски луѓе на Груби трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува

18/02/2023

AA

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, рече дека семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, додека народот осиромашува, болни се молат за лек, ученици за книги, а сиромасите за храна, сето тоа го прави преку братот на Артан Груби, Ветон Груби, сопственик на ЕТЦ Травел.

„СДС и ДУИ ги претвораат државните институции во подружници на нивните фирми, државниот апарат се користи за да се создадат добри бизнис услови за фирмите на луѓето од власта, а да се оневозможи развојот на сите други.

Денес ќе отпочнеме со објавување докази како Артан Груби, премиер од сенка, кој го држи Ковачевски на краток ланец, се богати на грбот на институциите со кои управува тој или нему блиски сопартијци.

Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, додека народот осиромашува, болни се молат за лек, ученици за книги, а сиромасите за храна, сето тоа го прави преку братот на Артан Груби, Ветон Груби, сопственик на ЕТЦ Травел. Ветон Груби е човекот околу кој семејството Груби го трупа своето богатство. Со Ветон Груби директно или индиректно се поврзани повеќе бизниси, како што е и бизнисот со баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и гас. Да почнеме со ред.

На 16.09.2021 година, од страна на Ермир Имами од Дебар, вработен во ЕТЦ Травел сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби, е основана фирмата за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи Метролаб.

Метролаб, за краток временски период, односно на 02.02.2022 година, само 4 месеци по основањето, добива акредитација за вршење на инспекција на мерила за зафатнина и проток на течни горива и течен нафтен гас – баждарење на пумпи, акредитацијата ја дава Бирото за метрологија, каде директор е Мерита Мустафаи, кадар на ДУИ. Ова е Мустафаи.

Одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите што ги врши Бирото за метрологија е менувана два пати во последните 2 години, и тоа првиот пат непосредно пред да се отвори фирмата Метролаб од вработениот кај Груби, која ја потпишал лично Артан Груби, и вториот пар пред една година, потпишано од страна на Фатмир Битиќи. Ова се тие одлуки.

Сопственикот на Метролаб, вработен кај братот на Груби, иако газда на фирмата за баждарење, останува шалтерски вработен кај Груби една година по основањето на фирмата, а си заминува од истата неколку недели пред измена на Одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите кои ги врши Бирото за метрологија и овластено лице.

Чекаме одговори:

Дали Артан Груби влијаел два пати во две години да се измени одлука за висината на наплатата за фирмите кои вршат баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и гас на бензинските пумпи, и дали тоа го направил за подобра позиција на Метролаб, основана од вработен кај неговиот брат?

Дали Ермир Имами, кој бил шалтерски работник во ЕТЦ Травел кај Груби ја формирал фирмата Метролаб затоа што знаел за измените и дали зад сето ова се крие и интерес на семејството Груби?

Во наредните неколку дена ќе продолжиме со објавување на докази и аргументи за бизнис империјата на Груби, и нему блиски лица“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy