Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕБОТ СЕ ВРАЌА НА ПОЛИЦИТЕ, ПЕКАРИТЕ ЌЕ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА: Загубите ќе ги бараме по судска постапка
Економија

ЛЕБОТ СЕ ВРАЌА НА ПОЛИЦИТЕ, ПЕКАРИТЕ ЌЕ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА: Загубите ќе ги бараме по судска постапка

03/03/2023

AA

Од утре лебот се враќа на полиците во маркетите и продавниците, пекарите ќе си ги барат загубите преку судска постапка. 

Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која било дискутирано околу мерките кои Владата ги донесе во последниве денови. 

– Како што гледате
пекарската индустрија е жртва на безумието, и одлуките кои се носат се на штета
на пекарската индустрија. Одлуката кои Владата ги донесе правата огромни штети
на индустријата, кои на месечно ниво се и над 1,5 милион евра.

Поради
наметнатите загуби, пекарската индустрија е принудена да се прилагоди и истите
да ги намали на одредени видови на леб, но и да намали на бројот на вработени,
за да би опстанала во иднина. На овој начин, индустријата во наредните три
месеци, ако остане одлукава само за три месеци, ќе бара начин да опстане.

Владата како и
претходно, како и пред носењето на одлуките, воопшто нема чуство за настанатата
ситуација ниту е свесна дека со ваквите популистички мерки уништува стратешка
индустрија – укажува Малишиќ.

Тој потенцираше дека, доколку оваа
одлука помине сега во делонт на производството со леб, тогаш истото ќе се случи
и во остатокот од прехрмабената индустрија, за што веќе сведочат и изјавите на
премирот дека се планира замрзнување на цените и на останатите прехрамбени
производи.

– По направените
консултации со членството, пекарската индустрија го донесе следниот заклучок.
По интензивни консултации со правни експерти, домашни и од надвор, е утврдено
дека владините одлуки се неуставни и незаконски и донесени без утврдено
прекршување на пазарот по законот за трговија. Спротивно на одлуката, со
записниците се потврдува дека од први декмври па се до крајот на февруари, се
почитуваат сите мерки и претходните одлуки кои Владата ги донела. По овој основ
пекарската индустрија ќе започне правна постапка со цел наплата на штетата,
односно загубата која Владата и ја нанесе со одлуката – појаснува Малишиќ.

Според првиот човек на пекарската групација, штетата која ја трпат пекарите, до 31 мај
до кога е навестено дека ќе трае одлуката за замрзнување на цената на лебот, ќе
изнесува над 4,5 милиони евра. 

– Значи битката за загубите во
индустријата ќе продолжи на правна основа.

Пекарите се
согласија, дека од утре ќе почнат со производство и испорака на одредени видови
лек за да може да се излезе во пресрет на граѓаните, но и да се опстане во
периодов кога Владата носи одлуки со несогледливи последици врз прехрамбената
индустрија.

Значи
индустријата ќе ги почитува мерките, но ќе ја бара загубата преку судот – укажува Малишиќ.

Тој појаснуваше дека не е можно да се каже колку изнесува производната цена за лебот бидејќи секоја компанија
има свои пресметки, зависно од големината, вработените, цените се различни. Дополнува дека се зависи од квалитетот, пакувањата, грамажата и потенцираше дека нема еден одговор на прашањето колкави
се трошоците за производство на леб.

Дополни дека следната недела
ќе се направат интензивни консултации и ќе се започне со постапката пред Судот. Тој не посочи колку точно компании запреле со производството овие денови. 

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy