
Леао со два гола го урна Лече: Милан конечно победи во Серија А (ВИДЕО)
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао беше човекот кој ги израдува „росонерите“ со два гола. Тој постигна гол за водство на Милан во 40. минута, по што победата ја потврди во 75. минута од натпреварот.
„Росонерите“ со новиот триумф стигнаа до 56 бодови, колку што има и четвртопласираната Рома, додека пред нив е Јувентус со 59 бода.

