
Леао потпиша со Милан до 2028, откупната клаузула 175 милиони евра
Леао, како што објави Фабрицио Романо, го потпипал петгодишниот договор со кој ќе заработува по пет милиони евра годишно плус бонуси, а добива откупна клаузула од 175 милиони евра.
Со ова се става крај на сагата за евентуален негов трансфер, откако низа европски гиганти пред се премиерлигашки, му фрлија око уште од летоска за да го ангажираат, но Милан по никоја цена не сакаше да го продаде.
Според најавите наскоро се очекува официјализација на новата соработка на Португалецот и миланскиот великан.
