Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛДП на изборите ќе настапи како дел од коалиција која ќе ја однесе Македонија во Европа
Македонија

ЛДП на изборите ќе настапи како дел од коалиција која ќе ја однесе Македонија во Европа

26/12/2023

AA

Согласно стратешките определби на државата и потребите на граѓаните, одлучивме на следните избори, Либерално-Демократската партија (ЛДП) да настапи како дел од коалиција која ќе се залага за брза интеграција на Македонија во Европската унија.

„За Македонија не постои друг пат, освен приклучување кон европското семејство. За доброто на државата и на граѓаните одлучивме да се приклучиме на коалицијата со која имаме исти определби во однос на евроинтеграциите“, истакнаа од Централниот одбор (ЦО) на ЛДП.

ЦО ја овласти претседателката на ЛДП Моника Зајкова да ги води преговорите за идно коалицирање.

„Континуирано дејствуваме во насока на брза интеграција на Македонија во ЕУ. Секојдневно ја потврдуваме нашата заложба во тој правец, па и оваа одлука, за приклучување кон коалиција со која имаме слични програмски определби и единствена цел брза европска интеграција , е донесена врз основа на идеалите кои ги негуваме. Нашата мисија е исклучиво во правец на работење за доброто на граѓаните и токму поради тоа ја очекуваме нивната поддршка на претстојните избори“, изјави Зајкова.

ЛДП, следејќи ги демократските вредности и потребите на државата, ќе даде поддршка за формирање на техничка влада, која ќе ја гласаат и во која ќе учествуваат припадници на опозицијата.

„Апелираме да се почитуваат законските прописи и веднаш да се избере член на Државната изборна комисија (ДИК), со цел да не создаде ниту една причина која би можела да остави дамка врз изборниот процес“, истакнаа од ЦО.

ЦО, врз основа на одлуката на Извршниот комитет на партијата, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП го избра генералниот секретар Боби Мојсоски.

Избран е и тимот за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, предводен од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени – Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ – Јелена Мишиќ и член на ИО – Горан Петрушев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy