Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛДП бара враќање на мерката Викенд без ДДВ
Македонија

ЛДП бара враќање на мерката Викенд без ДДВ

02/03/2025

AA

ЛДП повторно ја активира идејата за враќање на мерката Викенд без ДДВ, како мерка која можe да ја покренe економијата и да даде значителен инпут во подобрувањето на македонската економија.

„Потсетуваме, Викенд без ДДВ е предлог на ЛДП вметнат во партиската програма уште во 2012-та година и беше мерка од претходната влада која додека беше активна, покажа добри резултати. Предлагаме новиот Викенд без ДДВ да има две варијанти. Првата – да се воведе на ниво на целата држава и втората, да се воведе во одделни градови за определени денови, значајни за конкретниот град (викенди, пазарни денови, локални празници итн)“, изјавува Љубен Аврамовски, портпарол на ЛДП и потпретседател на Либерално-демократската младина (ЛиДеМ).

ЛДП бара мерката Викенд без ДДВ да се воведе пред почетокот на школската година, но и пред Велигден, на цела територија на државата.

„Со повторното воведување на оваа мерка граѓаните добиваат поевтини цени, трговците добиваат поголем викенд промет, производите ќе бидат поевтини од 5 до 18 %, а целата економија се освежува и добива нов импулс. Намалените државни приходи ќе бидат незначителни во споредба со ефектот кој ќе се постигне од зголемената потрошувачка и кој неколкукратно ќе биде надоместен“, посочува Аврамовски.

Аврамовски предлага одредени градови за одредени празници, за време на кои имаат голема посетеност и голем број на туристи однадвор, треба да воведат вакви викенди со цел да се зголеми туристичката понуда и да се привлечат поголем број на гости.

„На пример, Охрид би го добил својот викенд за време на Водици, Берово за време на Богородица, Прилеп за Пиво фест-от, Велес за пастрмајлијадата, Струмица за време на  карневалот и така натаму“, вели Аврамовски и упатува апел до сите за отворена дебата за оваа предлог мерка и нејзината имплементација.

Аврамовски додава дека во ЛДП се убедени во корисноста на мерката и веруваат дека ефектот кој ќе го има значително ќе се одрази како на целокупната, така и на локалните градски економии. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy