
Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид
Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.
Поради дојава за поставена експлозивна направа, евакуирани биле учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките вратени биле на настава.
Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски.

