Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАЖЕЛ ДЕКА БЕГА ОД ВОЈНАТА ВО КОСОВО, A ДОШОЛ ОД АЛБАНИЈА:  Човек кој илегално влегол во Британија, стана амбасадор
Регион

ЛАЖЕЛ ДЕКА БЕГА ОД ВОЈНАТА ВО КОСОВО, A ДОШОЛ ОД АЛБАНИЈА: Човек кој илегално влегол во Британија, стана амбасадор

24/12/2023

AA

Дошол илегално во државата, а сега стана амбасадор на Албанија во Британија. Станува збор за Уран Феризи, кој илегално влегол во земјата во 1998 година, тврдејќи дека е од Косово и дека бега од војната, пишува „Дејли Мејл“. Тој никогаш не работел во дипломатската служба, но албанската влада го предложила за амбасадор во јуни годинава. Амбасадорот има 42 години. 

Повеќе извори потврдиле дека Феризи со камион допатувал во Британија како илегален мигрант, без никакви документи за идентификација, по што му е дозволено да остане во земјата додека се разгледува неговиот случај.

Меѓутоа, во мај 2000 година се оженил со Британката, Сара Ленон, врз основа на што добил дозвола да престојува во државата на неопределено време. 

Во биографијата пишува дека е математичар и информатичар кој студирал на Универзитетот Оксфорд, а во периодот од 2006 до 2008 година бил финансиски аналитичар, по што се преселил во САД каде работи како научен истражувач на Универзитетот во Њујорк и Стенфорд.

Поранешната министерка за надворешни работи на Албанија, Едит Харџи, рече дека „не е дипломатски, морално или етички правилно некој што влегол нелегално во Обединетото кралство да биде назначен за амбасадор“.

Илјадници Албанци за една деценија илегално влегоа во Обединетото Кралство, со камиони и со мали чамци преку Ла Манш. Дури имаше и повици од британските политичари со албанскиот премиер Еди Рама да се погрижи луѓето да не влегуваат илегално во Британија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy