Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Смирени и во моменти на провокации!
Македонија

Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Смирени и во моменти на провокации!

18/05/2025

AA

Македонскиот селектор и тренер, Кире Лазаров вечерва е очекувано среќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК во Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Лазаров истакна дека е премногу горд на своите момци Македонци кои покажаа како се брани македонскиот ракомет во Европа.

„Мора да им честитам на момците! Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив! Се договоривме да бидеме храбри и мудри, и така беше во текот на целиот натпревар иако воопшто не беше лесно со оглед на целокупниот притисок. Голманите беа на одлично ниво. Да, сите допринесоа многу да дојдеме до оваа голема победа од четири разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така сигурно и резултатот нема да беше тој. Се што се договоривме во 90% го исполнивме на мечот“ – изјави Лазаров.

Тој додава дека биле добро подготвени и за провокации од трибините, а со тврд предмет бил погоден и еден од играчите.

„Ние бевме подготвени на се, можеби и на потешки провокации, пожестока атмосфера. Бевме психолошки максимално подготвени на се. Можеби не требаше да реагираме на публиката. Имавме предност од три гола разлика во тие моменти, и очигледно беше дека сакаат да направат фора за да го свртат натпреварот во своја корист. Можеби мислеа и дека ќе наидат на млади и неискусни ракометари“, вели тој.

Како што додава, сега треба малку да ја прослават победата, а потребна им е и мала оддишка.

„Заслужија овие момци затоа што ја направија горда нацијата, бидејќи ова не е било каква победа. Останува пред нас краток одмор, затоа што направивме многу, можеби и го изненадивме противникот, но мора да знаеме дека ништо не е завршено. Ќе се подготвиме добро. Ни претстои реванш и затоа мора да бидеме многу, многу внимателни!“, порача Лазаров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy