Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лазаров: АЕК има силен ростер и фантастични навивачи – ќе биде тешко, но не и невозможно!
Спорт

Лазаров: АЕК има силен ростер и фантастични навивачи – ќе биде тешко, но не и невозможно!

16/05/2025

AA

Ракометарите на Алкалоид в недела ги очекува првиот натпревар од двомечот во битката за трофејот во ЕХФ Европскиот куп, а пред овој натпревар за официјалниот сајт на ЕХФ зборуваше и Кире Лазаров.

За Алкалоид ова ќе биде прво европско финале во клупската историја, а за ваквиот успех според Лазаров една од клучните причини е мотивацијата која била на највисоко ниво од самиот старт.

„Покажавме константно добра форма низ целата сезона во Европскиот куп. Тимот играше со голем ентузијазам и се бореше жестоко на секој натпревар. Како млад клуб на големата сцена, имавме огромна мотивација да се претставиме во позитивно светло пред Европа.  Секој натпревар, против секој противник, носеше своја специфична тежина. Како што се приближувавме до финалето, противниците беа сè поквалитетни. Од секој натпревар учевме лекции, што ни даде јасна слика каде можеме да го подигнеме нивото на нашата игра“ истакна Лазаров..

Пред дуелот со АЕК, Лазаров е свесен за квалитетот на ривалот, но и за шансата што стои пред неговите избраници.

„Ракометарите на АЕК се искусни и во секој момент сакаат да имаат целосна контрола на натпреварот. Не очекува сериозен предизвик. Ако фатиме добар ритам, се надевам дека ќе можеме да изненадиме како аутсајдери. Ќе биде тешко – но не и невозможно.

Во однос на индивидуалниот квалитет на противникот, Лазаров вели:

„АЕК имаат одлични голмани и исклучително квалитетна бековска линија,  дури 10 играчи на тие позиции. Тешко е да се подготвиш за натпревар против тим со таков ростер. Пред сè, ќе ни биде потребен одличен ден и психолошка стабилност за да бидеме конкурентни во Атина“.

Алкалоид ќе има поддршка и од трибините, а Лазаров се надева на фер атмосфера.

„Навивачите на АЕК се фанатични, тие ќе бидат нивниот „осми играч. Во Македонија исто така има голем интерес за овој натпревар. И ние ќе имаме силна поддршка од трибините. Се надевам на фер и спортска атмосфера во секој аспект од ракометот, сепак, ова е финале на Европскиот куп“, порача Лазаров.

Првиот натпревар кој се игра в недела  е закажан за во терминот од 18:00 часот, додека реванпот се игра игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ седум дена подоцна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy