
Лазаро со хет-трик ја потопи Мајорка
Лазаро уште долго ќе го памети дуелот против Мајорка, откако постигна три гола во мрежата на гостите. Сè почна во 12. минута кога за првпат ја затресе мрежата на ривалот, а потоа во завршницата на првиот дел зголеми на 2-0, додека конечниот резултат го постави во 58. минута.
Алмерија се наоѓа на 13. место со 39 бодови, односно четири повеќе од зоната за испаѓање од Ла Лига.

