Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лавров: ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни
Македонија

Лавров: ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни

30/11/2023

AA

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Скопје во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ изјави дека ова што моментално се случува во Организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања.

Според него, западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.

„Поделбите на континентот ја поткопуваат безбедноста што ја креира ОБСЕ и доблесната идеја на која почива процесот од Хелсинки“, рече Лавров.

Тој изјзави дека традицонално овие состаноци завршуваат со позитивни и охрабрувачки пораки, но според него во моментов нема простор за оптимизам. ОБСЕ, според рускиот министер за надворешни работи е претворен во Огранизација, која им служи на интересите на НАТО и ЕУ и се поставува прашањето дали е мудро истата да биде витализирана.

Според Лавров сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднкави права на сите учесници.

Лавров рече дека сега има повеќе прашања, отколку одговори, како и дека во моментов на глобално ниво не постои баланс на интересите, но напомена дека во меѓувреме животот не запира.

Тој се осврна на повеќе случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Истакна дека во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и како што рече одземањето на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.

„Во тој поглед, со жалење можеме да кажеме дека ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни“, рече рускиот министер, освнувајќи се на 50 годишнината од Организација.

Лавров говореше и за останатите прашања кои ја засегаат Русија, а за кои кажа дека се поттикнати од западната политика, Грузија, Јужна Осетија, Приднесторовие, Молдавија, Донбас, Украина, а ги спомена и санкциите на кои Западот ги воведе кон Русија, кои ги означи како обид да ја урнат руската економија.

Според Лавров, Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.

Рускиот министер за надворешни работи веднаш по завршувањето на говорот ја напушти салата, во која се одржува состанокот. Неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy