
„Лавовите“ пишуваат нова историја: За Македонија ЃП допрва ќе се слуша! (ВИДЕО)
Колективот од Ѓорче Петров од неодамна има нов сопственик и поставува нови стандарди во македонскиот фудбал со тоа што е прв клуб што прави еден ваков маркетиншки потег, во смисла на објавување документарен филм на полусезона.

„Проектот на Македонија ЃП не е од сега, за него размислувавме долго време. Јас сум во контакт со сопственикот долго време и планиравме да земеме клуб од Македонија. Ете, се погоди тоа да биде Македонија ЃП на наше големо задоволство. Сопственикот е од Македонија, долго време живее во Белгија и во Дубаи и се надеваме дека заедно ќе направиме голем успех во домашниот фудбал.
Главна цел сезонава е да се вратиме во Првата лига, а потоа да направиме добар резултат во елитата. Сакаме да одиме чекор по чекор, да направиме долгорочен проект и во иднина да се бориме за излез на европска сцена и за шампионската титула“, вели спортскиот директор на Македонија ЃП, Александар Бајевски, поранешен македонски репрезентативец.
Фудбалскиот клуб Македонија ЃП е основан во 1932 година, а во овие девет децении од своето постоење повеќе пати го менуваше своето име. Од осаомостојувањето на државава, клубот има една шампионска титула, освоена во 2009 година и три трофеи во Купот, освоени во 2006, 2022 и 2023 година.
