Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лаптопите за пописот биле платени без добиено мислење од Владата за перформансите, утврдија ревизорите
Македонија

Лаптопите за пописот биле платени без добиено мислење од Владата за перформансите, утврдија ревизорите

21/06/2023

AA

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“ и констатираше низа неправилности.

Донесен е финансискиот план за пописот во износ од околу 8,5 милиони евра, од кои над 40% од средствата се реализирани во текот на 2019 и 2020 година, без усвоен финансиски план за попис.

За реализација на Пописот потрошени се средства во износ од 479.111 илјади денари, односно околу 7,9 милиони евра, во кои најголемо учество од над 49% се расходите за набавка на лаптопи и 40% за надоместоци за учесниците во спроведување на пописните активности.

За потребите на пописот, склучени и реализирани се договори за јавни набавки во износ од 237.905 илјади денари односно 3,9 милиони евра.

Спроведена е постапка за јавна набавка за набавка на 5.650 лаптопи и со единствениот понудувач склучен е договор во износ од 199.498 илјади денари, односно околу 3, милиони евра, за кој со ревизијата констатирано е:

– пролонгирање на утврдениот рок на испорака на лаптопите и наместо испораката во целост била сукцесивна извршена во период од 05.11.2020 до 18.12.2020 година;

– со анекс кон договорот извршена е измена на начинот на плаќање на лаптопите, односно наместо 22% од средствата да се платат во 2020 година, а преостанатите во 2021 година, извршено е целосно плаќање во декември 2020 година;

– постапката е спроведена по одобрување од страна на н надлежните органи, но за техничката спецификација за лаптопите, не е добиено мислење од Националниот совет за информатичка и компјутерска технологија при Владата;

Државниот завод за статистика, во периодот од 05.09.2021 до 30.09.2021 година го спроведе деветтиот по ред попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41540
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за семејно насилство

16/02/2026

Скопјанец на 34-годишна возраст е уапсен вчера вечерта откако попладнето сопствените мајка и сопруга го пријавиле дека ги нападнал, а

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

16/02/2026

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре ќе користат маневарска муниција

16/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy