Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Обид да се удави македонската историја во влажните депоа на Државниот архив?!
Македонија

Левица: Обид да се удави македонската историја во влажните депоа на Државниот архив?!

21/06/2023

AA

Пред десет години, во 2013 година, со многу помпа Државниот архив беше преместен во една од зградите на проектот Скопје 2014.

Меѓутоа, за кратко време се покажа дека станува збор единствено за пиар момент, без никаква свест за вредноста и важноста на архивираните материјали, а гледано од денешна перспектива сè поверојатно е дека истото било направено тенденциозно, со намера да се уништат важни и суштински документи со непроценлива вредност.

По поплавата на Архивот во 2018 година, беше извршен увид во кој учествуваше Јавното обвинителство, при што беше констатирано дека е потребна итна санација на покривот на зградата, со што ќе се спречат понатамошни поплавувања на објектот. Владата на СДС и ДУИ тогаш го повтори ставот дека наскоро ќе се донесе конечна одлука, во насока на трајно решение околу наследената ситуација со зградата на Архивот и нејзината комплетна нефункционалност.

Оттогаш се поминати повеќе од пет години, а пробугарската власт нема преземено ниту една мерка за да го заштити овој значаен објект за македонската историја! Во контакт со вработени во Архивот, Левица дојде до сознанија дека старата зграда на Архивот била една од најстручно изградените објекти во Југославија, поради што дел од вработените бараат да се вратат во стариот објект.

Денес Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага, а вработените се во постојана битка со водата по секој дожд. Од работењето на директорот Емил Крстевски единствено јавноста виде како води преписки на официјалната страна на оваа институција.

Очигледно е дека свесната негрижа за архивскиот материјал е дел од порачките што секојдневно ги испорачува квислиншката и анти-македонска власт на СДС и ДУИ, во целокупното бришење на македонската историја, јазик и идентитет.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД ЛЕВИЦА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy