Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ – кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб
Економија

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ – кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

18/04/2024

AA

Добивката лани не
само што беше добра, туку беше и најдобра во сите изминати години, но
акционерите на најголемата лебна компанија во земјава нема да земат дивиденда.

За жал, целиот чист
профит од 331 илјади евра кој „Жито лукс“ го оствари од минатогодишното
работење, ќе оди за покривање на загуби од претходните години.

Таква одлука се
очекува да се донесе на седницата на Собранието на акционери на ова акционерско
друштво, која е најавена за 17 мај оваа година.

Една од предлог
одлуките за која треба да гласаат акционерите е да се усвои годишната
сметка на компанијата за ланската
година, а чии биланс на успех говори дека во 2023 година „Жито Лукс“ остварил
вкупни приходи од близу 20 милиони евра, вкупни расходи од 19,44 милиони евра, како и дека после плаќањето на
корпоративниот данок му останала чиста добивка од 330.617 евра.

Но, исто така како
предлог одлука до акционерите ќе се најде и тоа целата оваа добивка од 330
илјади евра, да се искористи за покривање на загуби од минати години.

„Добивката
во целост ќе се користи за покривање на загубите од минати години“, се вели во предлозите за кои ќе треба да се гласа на
акционерското собрание.

Чисто информативно, „Жито Лукс“ има повеќе акционери со капитал над 5 проценти од акционерската структура, но од нив доминантен е грчки „Елбиско“ кој поседува 55,82 отсто од акциите, потоа ЗК „Пелагонија“, кои имаат 29,46 проценти, Пенфилд располага со 15,88 проценти, прилепска „Витаминка“ поседува 7,94 отсто, а скопска „Европа“ располага со 7,68 проценти. 

Како точки на дневен ред се и одобрување на финансиските извештаи на Жито Лукс за 2023 година ревидирани од овластен
ревизор, потоа усвојување
на Годишниот извештај за работењето за
ланската година, усвојување
на Извештајот за работењето на Надзорниот Одбор за 2023 година и одобрување на
работата на неговите членови.

А, токму членовите на НО имаат големи причини за задоволство, бидејќи една
од одлуките за кои ќе гласа Собранието, ќе биде и определување на месечен
надомест за нив за целата оваа
година во износ од по 300 евра. Значи, секој месец годинава тие ќе добиваат по
300 евра за својот ангажман во ова управно тело на компанијата.

Но, двајца од членовите на Надзорниот одбор ќе бидат отповикани на
Собранието на акционери на 17 мај, а таа одлука ќе почне да важи веднаш од
денот на донесувањето. А, од членови на Надзорниот Одбор се отповикуваат Михаил
Фандридис, независен
член, како и Роберта
Теова, исто така независен
член.

Акционерите на „Жито Лукс“ на Собранието ќе гласаат и за усвојување
на Извештајот за работењето на Управниот Одбор за 2023 година, како и за работата на неговите членови.

Инаку, како што пишуваше Фактор, ланската година навистина била најуспешна во поглед на финансискиот резултат, ако се земе предвид периодот од 2014 до 2023 година.

Инаку, ланската добивка
доаѓа по двегодишни
минуси на компанијата, период во кој таа направи кумулативни загуби
од 421.000 евра.

Ова би значело дека целата ланска добивка ќе мора да оди
за покривање на овие загуби, а за покривање ќе остане и уште еден износ од
околу 90 илјади евра само од тие две години.

Но, извесно е дека тоа нема да биде проблем за „Жито
Лукс“, бидејќи компанијата има амбициозни планови за следната година.

Односно, како што веќе објави Фактор, најголемата индустрија за продажба на леб, брашно и бели пецива скопски „Жито Лукс“ планира добивка од 470.000 евра годинава, а тоа го наведоа во нивниот финансиски план јавно достапен на веб
страната на Македонската берза за хартии од вредност.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy