
ЛАНИ ИНФАЛЦИЈАТА НАДМИНАЛА 9 ПРОЦЕНТИ: Мебелот, покуќнината, ресторните и храната најмногу поскапеле, еве ги деталите
Стапката на инфлација или индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9,4 проценти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Што се однесува пак до индексот на цените на мало, таму истиот достигна 7 проценти.
За споредба, минатата година, индексот на трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021 година забележа пораст од 14,2 отсто, додека пак цените на мало е 12,6 проценти.
Како што покажуваат податоците на Статистика, најголемо поскапување имало кај мебелот и покуќнината, па селдуваат рестораните и храната и безалкохолните пијалоци.
– Пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 отсто, Ресторани и хотели за 12,7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 отсто, Разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8 проценти, Рекреација и култура за 6,7 отсто, Здравје за 4,6 отсто, Облека и обувки за 4,4 проценти, Образование за 2,9 отсто, Комуникации за 1,1 процент и Транспорт за 0,5 отсто – се наведвуа во соопштението на ДЗС.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100,2 отсто, а индексот на цените на мало 101 процент.
Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, забележа зголемување од 0,2 отсто.
– Зголемувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на виното за 1,3 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7 отсто, пивото за 0,6 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,3 отсто,месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти – се појаснува во анализата на Статистика.
