
Лани 142 жртви на патиштата – „Безбеден град“ треба да стави крај на деценискиот црн биланс
Пребрзото возење останува непријател број еден на македонските патишта и главна причина за сообраќајни несреќи со фатални последици. Статистиката на МВР открива поразителни податоци: само минатата година животот го загубиле 142 лица, а во изминатата деценија и половина не е регистрирана ниту една година со помалку од 100 загинати. Во обид да се стави ред во овој хаос, надежите се вперени кон системот „Безбеден град“, чии првични резултати веќе покажуваат промени во однесувањето на возачите.
Иако брзината е доминантен фактор, полициските билтени бележат дека смртоносните исходи често се резултат и на непочитување на светлосната сигнализација, игнорирање на сообраќајните правила, како и возење под дејство на алкохол и опојни дроги.
Податоците од првите неколку дена од пробниот период на „Безбеден град“ покажуваат значителен пад на бројот на прекршоци, што укажува на тоа дека стравот од камерите веќе делува превентивно.
Сепак, мислењата на граѓаните се поделени. Додека едни ја поздравуваат безбедноста, други реагираат на стресот и инфраструктурните недостатоци:
Од друга страна, постојат и критики и конструктивни предлози:
Статистиката е неумолива – годишно во земјава се случуваат над 4.000 сообраќајни несреќи. Возењето над дозволената брзина и понатаму е клучниот фактор за трагедиите кои завршуваат со смрт, тешки телесни повреди и огромна материјална штета.
Државата веќе ја заостри казнената политика со воведување на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Планот е ефективното казнување преку камерите на „Сејф сити“ да започне во новата година.
Сепак, постои правна неизвесност. Законските измени кои треба да го овозможат ова се веќе во Собрание, но неизвесно е дали ќе бидат изгласани до Нова година. Доколку тоа не се случи, пробниот период на системот ќе мора да продолжи уште некое време пред да започне вистинската наплата на казните.
