Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАГАРД: КАМАТНИТЕ СТАПКИ ЌЕ РАСТАТ, приоритет е инфлацијата
Економија

ЛАГАРД: КАМАТНИТЕ СТАПКИ ЌЕ РАСТАТ, приоритет е инфлацијата

06/03/2023

AA

Каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени, со цел дополнително да се ограничи инфлацијата, изјави претседателот на Европската централна банка.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата.

Според неа, тоа е одлуката на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде сите бројки вклучени во анализата потврдија дека е многу веројатно зголемување на каматните стапки.

„Главната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во текот на следните неколку месеци. Но базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната, е превисока. Мора да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја вратиме инфлацијата на два отсто и тоа го правиме“, изјави Лагард во интервју за шпанската медиумска групација Восенто, пренесува Танјуг.

„Повлечете ја поддршката кога ситуацијата ќе се подобри“

Таа потсети дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматите во 2024 година за над четири проценти. Според неа, тоа укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата, дека има напредок во таа работа, но дека има уште многу работа што треба да се заврши.

„Мојата главна грижа е инфлацијата. Не сакаме да ја уриваме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа, бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Во моментов, економијата е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста е на најниско ниво на сите времиња“, рече Лагард.

„Сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, за одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергијата паѓаат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, тогаш владите треба да ја повлечат поддршката, бидејќи на тој начин граѓаните се охрабруваат да штедат енергија, наместо да ја користат како ништо да не чини“, рече Лагард.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy