Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАГА Е ДЕКА ЌЕ НЕМА ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ Законот за високо образование се подготвува заедно со универзитетите
Македонија

ЛАГА Е ДЕКА ЌЕ НЕМА ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ Законот за високо образование се подготвува заедно со универзитетите

23/02/2026

AA

 

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денеска се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт верзија на законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.

– Последниве денови се изнаслушавме дезинформации и лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување на научно-истражувачки трудови и други. Лагите и дезинформациите, претпоставувам, треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се на штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа и апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот – рече Јаневска.

За дебатата со приватните универзитети, министерката рече дека била конструктивна и дека се договориле речиси за сè.

– Јас сум многу среќна што приватните универзитети реагираа на високо ниво. Се договоривме со нив, кога ќе го завршуваме законот, дополнително уште еднаш ќе се видиме, за да провериме дали е сè во ред и ќе ја затвориме тогаш последната драфт верзија – рече Јаневска.

Прашана за можноста за бесплатно високо образование, Јаневска објасни дека сите категории студенти што треба да го имаат, веќе го имаат.

– Накусо, студентите кои се без родители, од самохрани и еднородителски семејства, со попреченост и сл., со овој закон се ослободени од партиципација. Студентите кои се од ранливи категории, со ниски примања, добиваат стипендии. Што значи 2 месеци од стипендијата што ја примаат 9 месеци, им ги покрива трошоците за студирање. Студентиве од истиве категории, кои се сместени во студентските домови, исто така се максимално повластени. Нашите студенти, само ако се запишат на универзитет, добиваат средства за студентски оброк – изјави Јаневска.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРУБИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО Се товари за криминал од

23/02/2026
Македонија

По повеќечасовен распит, Груби спроведен во Кривичниот суд

23/02/2026
Македонија

Законот за пушење се менува – терасите ќе мора да

23/02/2026
Македонија

ИЗМАМИЛ ТЕТОВКА ЗА 3.000 ЕВРА Ѝ ветувал работна виза за

23/02/2026
Македонија

ДУИ ЗА ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ: Позитивна одлука за да се

23/02/2026
Македонија

ЛАГА Е ДЕКА ЌЕ НЕМА ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ Законот за високо

23/02/2026
Македонија

ЈАНЕВСКА ВО МАНУ: Критериумите за професорите мора да се кренат,

23/02/2026
Македонија

📽️ ТЕЛМА ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ОД СТАРО

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41819
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРУБИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО Се товари за криминал од 8 милиони евра

23/02/2026

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското

По повеќечасовен распит, Груби спроведен во Кривичниот суд

23/02/2026

По пет и пол часа поминати на распит во обвинителството, Артан Груби беше спроведен под полициска придружба во Кривичниот суд во Скопје,

Законот за пушење се менува – терасите ќе мора да бидат отворени од минимум две

23/02/2026

По средбата меѓу претставници на угостителскиот сектор и Владата, постигнат е договор за измени на Предлог-законот за заштита од пушење.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy