Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАБОРАТОРИЈАТА „БИОТЕК“ ВЛЕЗЕ ВО „РЕПЛЕК“ – сега имаат 6,3 отсто од капиталот во компанијата, акциите ги купија од Туџарова
Економија

ЛАБОРАТОРИЈАТА „БИОТЕК“ ВЛЕЗЕ ВО „РЕПЛЕК“ – сега имаат 6,3 отсто од капиталот во компанијата, акциите ги купија од Туџарова

06/09/2023

AA

Фармацевтската компанија „Реплек“, како што и се очекуваше, се огласи околу неодамнешните две блок трансакции со нејзините акции, во кои вкупно беа истргувани 7,4 проценти од акциите, за вкупна сума од 2,12 милиони евра.

Она што е главна новина од овие трансакции е дека фармацевтската компанија „Биотек“ влегува во „Реплек“, односно таму станува нов акционер со над 5 отсто од капиталот, или попрецизно, „Биотек“ сега поседува 6,3 отсто од капиталот на фармацевтската компанија. 

Всушност, „Биотек“ купиле 1.115 акции на „Реплек„, по цена од 68 илјади денари за акција, или за овие акции платиле 1,23 милиони евра.

Со тоа „Биотек“ стануваат еден од позначајните акционери на „Реплек“, на сметка на досегашната акционерка Славица Туџарова Трајковска.

Еве што соопшти „Реплек“ преку Берзата денеска во доцните попладневни часови. 

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД Скопје објавува промена на сопственоста над 5 отсто односно компанијата БИОТЕК ДОО Скопје се стекна со 1.115 нови акции и сега поседува вкупно 1.634 обични акции или 6,3 отсто од вкупниот број на акции.

Акционер Туџарова-Трајковска Славица која беше сопственик на 2.715 акции или 10,47 отсто, продаде 1.928 акции и сега поседува 787 акции или 3,04 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во известувањето од компанијата до инвеститорската јавност преку Берзата.

Инаку, ако се види како се движела цената на последните редовни тргувања, таа е околу 80 илјади денари за акција.

Досегашната состојба што ја покажува Централниот депозитар за хартии од вредност, значи пред да се случи оваа блок трансакција, ја покажуваше следнава акционерска структура на „Реплек“.

Душан Пецовски, кој е и претседател на Управниот одбор, е најголем акционер и тој поседува 11,98 отсто од акциите. Пецовски и отсега натаму ќе биде најголем акционер, со истиот процент акции. Неговиот брат, пак, Додека, пак, Владимир Пецовски, ќе продолжи да има на располагање 6,19 отсто од акциите.

Славица Туџарова-Трајковска, пак, се досег беше втор по големина акционер, со 10,46 отсто од акциите, но откко таа продаде значаен дел од своите акции, сега ќе има 3,04 проценти.

Компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов располага со 9,38 проценти од акциите. Следува Сава Пензиски фонд со 6,4 проценти. Потоа, 6,13 отсто од акциите има трговската фирма Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје.

Како сопствени акции, пак, самиот „Реплек“ досега поседуваше 5,06 отсто од акциите.

Но, компанијта преку една од блок трансакциите докупила сопствени акции, односно 800 акции, и тоа по цена од 68 илјади денари за акција, што значи за нив платила 885 илјади евра.

Со новата трансакција компанијата ќе поседува 8,14 отсто од акциите.

Компаниите купуваат сопствени акции кога сакаат да ја штитат нивната цена или д се заштити капиталот на компанијата.

„Реплек АД согласно Одлуката за стекнување сопствени акции со откуп Број 02-2583/1, донесена на Годишно Собрание на акционери одржано на 26.04.2023 година, изврши откуп на 800 сопствени обични акции преку Македонска Берза на ден 04.09.2023 година со што вкупно поседува 2.111 сопствени обични акции, односно 8,14 отсто од основната главнина на друштвото“, се вели во известувањето што „Реплек“ го испрти до Берзата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy