
Лајпциг сака да го „измами“ Динамо, за помалку пари да го откупи процентот за Гвардиол
Динамо според информациите на хрватските медиуми имал 20 отсто од следниот трансфер на Гвардиол, за кого досега платиле 20 милиони евра сосе бонуси, па за пет отсто тој процент поради бонусите се намалил. Но, бидејќи Гвардиол има исклучителна цена, Динамо може да заработи скоро уште толку после продажбата од Лајпциг.
Ама, Германците дошле на идеја за многу помалку пари да пробаат да ги „измамат“ загрепчани и уште сега да го откупат тој процент, а потоа сета заработка од трансферот во некој од европските гиганти да биде чист нивен ќар.
Динамо парите би ги добил веднаш и не би чекал реализација на трансферот, но прашање е како ќе одговорат на „Максимир“, особено што хрватскиот гигант во последно време минува низ многу турбулентен период во битката за превласт во клубот, која стивна по неуспешното Собрание и „пожарот“ е згаснат барем на половина година.

