
Лајпциг најде замена за Нкунку – најдобриот стрелец на Ланс доаѓа за 45 милиони евра
Опенда кој е голема надеж на белгискиот фудбал од новата генерација доаѓа од Ленс после блескавите настапи изминатава сезона во која на 41 настап за францускиот вицешампион даде 21 гол и веднаш го сврте вниманието на многу клубови кон себе.
Тој веќе се договорил со Лајпциг за петгодишен договор до 30 јуни 2028 година, а Германците на Ланс ќе му платат вкупни 45 милиони евра сосе бонуси за трансферот.
Инаку Опенда, кој има мароканско потекло во Франција дојде од Бриж пред една година, а претходно играше и за холандски Витесе. За младата репрезентација на Белгија има 13 гола на 18 меча, а од ланското лето веќе игра за сениорската белгиска селекција за која на девет средби даде два гола.
