Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Квалитетот на горивата под лупа – Инспекциските контроли на македонскиот пазар се заоструваат
Економија

Квалитетот на горивата под лупа – Инспекциските контроли на македонскиот пазар се заоструваат

05/12/2024

AA

Потпишан договор за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни
горива
помеѓу Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Бирото за метрологија.

Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и
минерални суровини, потпишан договор за соработка меѓу Бирото
за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за
користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива има за цел заострување на контролите за
квалитетот на течните горива и да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.

Договорот го потпишаа директорите на
двете институции – Влатко Стојкоски од Државниот
пазарен инспекторат
и Седад Рушани од Бирото за
метрологија
, во присуство на министерката Сања Божиновска, со што ја формализираа соработката насочена кон поголема
контрола и транспарентност во обезбедувањето на квалитетни течни горива.

„ Со овој потег, државата
праќа јасна порака: неквалитетните горива немаат место на македонскиот пазар.
Потрошувачите добиваат квалитет и сигурност, додека институциите покажуваат
дека се посветени на повисоки стандарди и подобра заштита на јавниот интерес.“ истакна Божиновска.

Во изминатите пет години, и покрај склучените договори за соработка, беа
реализирани незначителен број анализи на течни горива, а со овој договор се
предвидува драстично зголемување на обемот на инспекциските проверки.  Инспекциските тимови ќе ја
користат лабораторијата за мострирање и тестирање согласно однапред дефинирани
годишни планови, но и за вонредни инспекции.

,, Според планот за 2025
година, кој е составен дел од договорот, ќе се извршат дури 220 анализи на квалитетот
на горивата, со што се поставуваат повисоки стандарди за усогласеност со
македонските регулативи и стандарди. “
истакна директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

„ Со овој договор, Бирото за метрологија ја
става својата лабораторија – мобилна и фиксна – во служба на инспекциските
тимови. Лабораторијата е акредитирана за 26 методи на тестирање и ќе овозможи
брзи и прецизни анализи на квалитетот на горивата директно на терен.“ истакна директорот на Бирото за метрологија Седад Рушани.

Со користење на акредитираната лабораторија на Бирото за метрологија,
инспекциските тимови ќе спроведуваат детални и брзи тестирања на терен, што ќе
ја гарантира контролата на квалитетот и ќе испрати јасна порака дека
неквалитетните горива немаат место на нашиот пазар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy