
Квадрадо претставен во Милано: Чест ми е што ќе играм за голем тим како Интер!
„Нераѕурите“ изненадија со одлуката да го ангажираат Колумбиецот од Торино, кој пред неколку месеци имаше жесток дуел со Самир Хандановиќ, кога му удри бокс на голманот на тимот од Милано. Квадрадо доби едногодишен договор и плата од 2,5 милиони евра, со опција соработката да биде продолжена за дополнителни 12 месеци.
„Имав многу понуди, но моето семејство е приврзано за оваа земја и ми се укажа шанса да останам тука и да играм за голем клуб со богата историја. Го одбрав Интер бидејќи сите знаеме што значи овој клуб на глобално ниво“, изјави Квадрадо.