
Куртоа се врати во белгиската репрезентација, па друг играч демонстративно ја напушти!
По селекторската смена, Тибо Куртоа реши да се врати во репрезентацијата. Тој не сакаше да брани додека Доменико Тедеско беше селектор.
Но, со враќањето на Куртоа се случи нов проблем. Голманот Коен Кастелс кој беше прв голман во отсуство на Куртоа, реши да се повлече од националниот тим.
„Не ми е јасно како федерацијата прави промена на ставот од 180 степени и сега постелува црвен тепих за Куртоа и го чека со раширени раце. Не очекував дека тој сам ќе решава дали да се врати во репрезентацијата. Овој мој став не е насочен против Куртоа, туку против федерацијата и вредностите кои таа ги промовира со овие потези. Јас веќе нема да бидам дел од репрезентацијата“, рече Кастелс.