Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Курти тврди дека напаѓачите се опколени, ги повика да се предадат
Регион

Курти тврди дека напаѓачите се опколени, ги повика да се предадат

24/09/2023

AA

Косовскиот премиер Албин Курти во своето обраќање на прес-конференција по инцидентот на влезот во селото Бањска рече дека еден полицаец го загубил животот, а друг е повреден и дека не е во животна опасност. Тој рече дека косовската полиција ги опколила напаѓачите и ги повикала да се предадат.

– Нападите на вооружените групи и натаму продолжуваат. Има најмалку 30 тешко вооружени лица кои се опколени од нашите сили и ги повикувам да се предадат. Тие се оние кои ја напаѓаат нашата полиција. Сторителите и нивните налогодавачи ќе бидат фатени и казнети, истакна Курти по состанокот на Советот за безбедност одржан во Приштина.

Тој тврди дека напаѓачите се под опсада на косовската полиција.

– Ние сме на вистинската страна и посветени сме на спроведување на редот и мирот, рече Курти.

Тој покажа и слики од џипови без регистарски таблички, велејќи дека тие припаѓаат на лицата кои учествувале во нападот во Бањска. Курти тврди „дека лицата во униформи без ознаки претставуваат организирана формација која дошла да се бори на Косово“.

На прес-конференција присуствуваше и заменик – генералниот директор на косовската полиција, Фехми Хоти, кој на прашањето дали има повредени, рече дека засега нема информации за тоа, но дека се уште има размена на оган.

Косовската полиција соопшти дека ноќеска во 2 часот и 34 минути, единицата за брза интервенција на граничната полиција забележала дека на влезот во селото Бањска, на мостот се поставени два камиони без регистарски таблички и дека влезот во ова село преку мостот бил блокиран. Кога на ова место пристигнале единиците од станицата Звечан, како што наведоа, „наишле на отпор“, биле застрелани двајца полицајци, а еден им подлегнал на повредите.

Курти и косовската претседателка Вјоса Османи ги обвинија „српските криминални банди“ за нападот врз полицајците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy