
Курти објасни зошто Косово се вооружува
Не ја јакнеме војската за да нападнеме некого, туку за да го браниме Косово, вели косовскиот премиер Албин Курти, јави дописникот на МИА.
На денешната церемонија по повод дипломирањето на новата класа кадети на Центарот за универзитетски студии на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Курти напомена дека во изминатите две години во ФСК се регрутирани 1.240 војници, а во процес на регрутирање се уште 612 редовни и 388 резервни војници.
„Со 2. 240 војници повеќе во две години, редовите на ФСК се зголемија за 83 отсто. Ние не ја јакнеме нашата војска за ги нападнеме другите, туку за да се браниме самите себе. За едно Косово кое ќе биде побезбедно, поправедно и порамноправно за сите“, изјави Курти.
Инаку, Србија неодамна реагираше дека Косово се вооружува со турско оружје. Косово и Србија ги заострија односите откако Србите ги бојкотираа локалните избори и бараат формирање на Заедница на српски општини (ЗСО).

