
Курти не сака да формира Заедница на српски општини, туку сака признавање
Нема договор меѓу Србија и Косово по средбата денеска во Брисел.
Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека косовскиот премиер Албин Курти денеска не сакал да го прифати компромисниот предлог на ЕУ, туку инсистирал на одредбата за признавање на Косово од Белград.
Борел рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ го прифатил компромисниот предлог на ЕУ за патот кон нормализација на односите, додека косовскиот премиер не бил подготвен да продолжи напред и да започне кредибилен процес на формирање на Заедницата на Српските општини, но инсистирал на тоа „да се воспостави де факто“ признавање како прв чекор.
Вучиќ по средбата изјави дека таа завршила неуспешно затоа што приштинската страна не сакала да го прифати компромисниот предлог на ЕУ за патот на нормализацијата.
Тој нагласи и дека е јасно дека Курти избегнува да формира Заедница на српски општини и дека Србија не бега од обврските. Рече дека откако Курти е на власт, има зголемување на етнички инциденти и дека само во последните два месеци се забележани 50 отсто повеќе етнички инциденти отколку во најлошите времиња на кого било друг на власт во Приштина, објави српски Курир.
Косово повеќе од една деценија не сака да ја формира Заедницата на српски општини.
foto Facebook/Albin Kurti