Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Курти бесен на Европската Унија за казнените мерки: „Ова е неправедно“
Регион

Курти бесен на Европската Унија за казнените мерки: „Ова е неправедно“

02/07/2023

AA

Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека казнените мерки што ги воведе Европската унија на Косово се неправедни, но дека Владата го продолжува својот пат без да прави компромиси со владеењето на правото и уставноста, пренесува Дукаџини.

Курти на отворањето на паркот во Штимљ рече дека се надева оти овие мерки нема да траат долго бидејќи на Косово му е потребна поддршка на патот напред.

– Тоа не се санкции, но точно е дека се казнени мерки и се неправедни, затоа што Косово и неговата влада имаат најдемократска, проевропска и најнапредна државна и извршна моќ. Од друга страна, имаме постојана конфронтација со различни форми на агресија од Србија, која е автократска и проруска држава и која не се соочи со своето криминално минато на територијата на поранешна Југославија, каде што предизвика четири војни.

Во секој случај, ние си ја работиме нашата работа, но да не заборавиме дека не може да има компромис со владеењето на правото или со уставноста на нашата држава, така што ќе продолжиме со реализација на нашата владина програма и се надеваме дека овие привремени мерките ќе бидат многу кратки бидејќи Косово е земја на која и треба поддршка во понатамошниот развој – рече Курти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy