Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Курти бара реципроцитет, како за Србите на Косово, така и за Албанците во Србија
Регион

Курти бара реципроцитет, како за Србите на Косово, така и за Албанците во Србија

02/02/2023

AA

Косово поставува услови за да се формира Заедница на српски општини. Западот бара Косово да дозволи формирање на заедницата. 

Косовскиот премиер Албин Курти наведе шест услови за прифаќање на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, меѓу кои и барањето таа да се формира по конечниот договор со Србија и да нема извршни овластувања.

Првиот услов е Заедницата да биде во согласност со Уставот и законите кои се во сила во Косово, вториот е дека не може да биде еднонационална третиот е да и се смени името и четвртиот е да не може да има каква било јавна или извршна власт.

Но, Курти смета дека правата на малцинствата треба да се воспостават на принципот на реципроцитет, што значи дека секое право на Србите на Косово треба да биде и за Албанците во Србија.

Како предуслов го наведе затворањето на нелегалните структури на северот на Косово и прифаќање на повелбата на ОН за меѓудржавни односи и да не се попречува аплицирањето на Косово во Европската Унија.

Петтиот услов е Заедницата да биде дел од конечниот договор и да се формира по меѓусебното признавање.

Шестиот услов е претседателот на Србија, Александар Вучиќ да ги повлече писмата испратени на адресите на петте земји членки на ЕУ и другите да не го прифаќаат Косово како членка на Европската Унија.

Поради Косово, денеска за малку е избегната тепачка во српското Собрание. Вучиќ вели дека постои идеја Косово да влезе во НАТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy