Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КУПУВАЛЕ И ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ, АМА КУПУВАЛЕ И „СОВРЕМЕН ДОМ“ – повторно изедначени во газдинството на „Скопски пазар“, имаат по 37,86 отсто
Економија

КУПУВАЛЕ И ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ, АМА КУПУВАЛЕ И „СОВРЕМЕН ДОМ“ – повторно изедначени во газдинството на „Скопски пазар“, имаат по 37,86 отсто

19/11/2023

AA

Компанијата ЗСФ на градежникот Фатмир Етеми ја засилува својата позиција во „Скопски пазар“, а истото тоа се случува и со другиот акционер во компанијата, „Совемен дом“ од Прилеп.

За тоа извести самата компанија преку Македонската берза за хартии од вредност, информирајќи ја на тој начин инвеститорската јавност за промените во сопственичката структура.

Ако до скоро ЗСФ на Етеми располагаше со малку помал процент, сега неговиот процент на сопственост изнесува 38,76 проценти, откако тој докупил уште 30 обични акции. Истото важи и за прилепчаните, кои истп така докупувајќи 30 акции, достигнале до 38,76 проценти од капиталот на компанијата.

Со тоа овие двајца акционери се изедначи, што значи дека ни едниот пошушта, ниту другиот, но како и да е, откако се тие газди, компанијата работи успешно и го враќа сјајот во своето деловно работење. 

Заено имаат 77,52 отсто од акциите на компанијата.

„Согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, известуваме дека
во изминатиот период акционерот ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекна со дополнителни 30
обични акции и во моментов поседува вкупно 27.497 обични акции со право на глас издадени
од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,76 отсто учество во вкупниот број на обични акции
издадени од Скопски пазар АД Скопје. Истовремено известува дека акционерот Современ дом
АД Прилеп се стекна со дополнителни 30 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.497
обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,76 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје. Во моментов
ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје и Современ дом АД Прилеп како акционери кои дејствуваат заеднички
поседуваат вкупно 54.994 обични акции со право на глас или 77,52 отсто од вкупниот број на обични
акции издадени од Скопски пазар АД Скопје“, се вели во соопштението од компанијата испратено преку Македонската берза.

Фактор неодамна објави дека оваа година дефинитивно нема да има дивиденда за акционерите на „Скопски пазар“. Таа одлука вчера ја потврди и Собранието на акционери на оваа наша домашна компанија.

Акционерското друштво „Скопски пазар“ објави како ќе ја распределува ланската добивка на износ од 1,7 милиони евра, и притоа дивиденда не се споменува, туку дека целиот овој профит ќе заврши во инвестициски вложувања. Тоа е Одлука донесена на редовното годишно Собрание на акционери, кое се одржало во текот на вчерашниот ден, а за кое компанијата извести преку Македонската берза.

Натаму, како што се додава во оваа објава до инвеститорската јавност, неискористените средства од добивката од 2021 година, а кои биле наменети за инвестициски вложувања и биле на сума од близу 750 илјади евра, ќе се прераспределат во акумулирана добивка.

Од компанијата во Образложението наведуваат дека парите што ќе се распределат во инвестициски вложувања за оваа година од ланската добивка, ќе служат за развојни цели, односно вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста.

Инаку, политиката дека нема да се дели дивиденда Скопски пазар ја најави и во својот план за 2023 година, каде отворено беше кажано дека дивидената ќе почека една петолетка, а прво треба да се расчистат долгорочни, наследени кредити, и да се инвестира во компанијата, со цел да се подобри нејзината конкурентност.

Ова друштво, кое управува со 12 зелени пазари и 2.700 тезги, во објавените неодамна планови за оваа година, најави изградба на нов деловен комплекс со покриен пазар во скопско Драчево, на локација на постоечкиот пазар. Паралелно со ова компанијата ќе ги модернизира пазарите и деловниот простор низ Скопје со утврдена динамика. Во финансискиот план на друштвото за 2023 година е наведено дека приоритет и понатаму ќе се дава на враќање на наследени долгорочни кредити и на инвестициите. Заради тоа во овој момент друштвото не гледа предуслови за поделба на дивиденда на среден рок односно за пет години до сега.

Инаку, во март годинава Фактор објави информација дека германскиот синџир маркети, Лидл, кој ќе работи во земјава, ја купил локацијата на „Бриколаж“ од „Скопски пазар.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy