
Купила двособен стан во Гостивар, а потоа непознати лица и тропнале на вратата – станот не бил на тој што го продал!
Четириесет и едногодишна гостиварка вчера (11 јануари) во 12 часот пријавила дека од А.С. од Гостивар купила двособен стан, по што од него ги добила клучевите за станот, му ја платила договорената сума, но по извесно време кај пријавителката дошле неколку други лица и и кажале дека станот не е сопственост на лицето што претходно и го продало и сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
