Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кунгуловски излегува од бизнисот со лабораторија во „Жан Митрев“, но соработката продолжува
Економија

Кунгуловски излегува од бизнисот со лабораторија во „Жан Митрев“, но соработката продолжува

06/02/2023

AA

Бизнисменот и партнер на Жан Митрев, Горан Кунгуловски, повеќе нема да работи на лабораториски услуги со сопственикот на приватната клиника во новоотворената ординација и својата дејност ќе ја продолжи на друго поле со Био Инженеринг.

Биоинженерот со својата компанија како управител излегува од Жан Митрев Лабс, дијагностичка биохемиска лабораторија и лабораторија за молекуларна дијагностика, во Скопје Север, а на негово место доаѓа нова партнерска фирма – Фила Фарм. Кунгуловски е и коосновач на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во самата “Жан Митрев Клиника“.

Кунгуловски вели дека ќе се пренасочи на проект за скрининг на канцер кој бара целосен фокус и дека нема време да се концентрира на класичните лабораториски услуги, но и дека ја продолжува соработката со Жан Митрев.

„Се повлекуваме од функциите коишто беа поврзани со рутинска клиничка биохемија со цел да се фокусираме на нови поинтересни и постимулативни научно-истражувачки проекти во областа на молекуларната биологија и геномика на канцер. Во овие полиња продолжуваме со забрзан интензитет да соработуваме со клиниката Жан Митрев“, ни изјави Кунгуловски.

Новата „Жан Митрев Лабс“ беше отворена минатата година во мај како модерна лабораторија со широк спектар на анализи од областа на биохемијата, молекуларната биологија, микробиологијата и трансфузиологијата.

Био Инженеринг на Кунгуловски е основана како приватна компанија во 1998 години за високотехнолошко истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија. Покрај медицината, врши услуги за произведувачи на храна и вода, вино, козметички производи, земјоделски компании, сточарски фарми, дистрибутери, угостители и друго

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy