
Кумата на Боки 13, Мери Дика стана претседател на Апелациониот суд
Досегашната в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, судијката Мери Дика-Георгиевска сега стана претседателка на овој суд.
Имено, оваа одлука дошла по денешната седница на Судскиот совет, кој претходно во месец февруари годинава за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје ја определи Мери Дика-Георгиевска, судијка во Апелацискиот суд Скопје.
Инаку, новата претседателка е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13, a беше и еден од сведоците во овој случај.
