Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кумановското семејство чие осуммесечно бебе е на Детска клиника не е материјално необезбедено и не е евидентирано во ЦСР Куманово
Македонија

Кумановското семејство чие осуммесечно бебе е на Детска клиника не е материјално необезбедено и не е евидентирано во ЦСР Куманово

03/03/2023

AA

Семејството на осуммесечното дете од Куманово примени на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје не е корисник на социјална парична помош, ниту на друго право, информираа денеска од Центарот за социјални работи Куманово.

Од Центарот велат дека веднаш по добиено известување од страна ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје за малолетно дете на осуммесечна возраст кое во тешка општа состојба било примено на Клиниката, веднаш презема активности за утврдување на фактичката состојба на семејството Демири.

-Семејството Демири не се евидентира во ЈУМЦСР Куманово како корисник на ниту едно право ниту пак досега имаме добиено какво било известување од страна на други институции за потреба од давање на некаква услуга. Таткото е вработен во јавно претпријатие, додека мајката е корисник на додаток за трето дете кое го користи во ЦСР Скопје – Шуто Оризари, соопштија од Центарот.

Според податоците на Центарот по извршените проверки, соопшти денеска директорката на Центарот, Александра Арсовска, станува збор за шестчлено семејство, две деца се на училишна возраст и се редовни ученици во основно училиште во Куманово, третото дете е на предучилишна возраст додека новороденото четврто дете кое е предмет на известувањето е четврто по ред родено дете со уредна контролирана бременост, со предвремено породување и родилна тежина од 1740 грама, истото на 20.10.2022 г. има примено БСГ вакцина.

-Стручен тим од ЦСР Куманово направи увид во домот на семејството при што е констатирано дека семејството живее во еднокатна куќа комплетно опремена со целиот потребен инвентар, со високо запазени хигиенски услови. Телефонски е направен разговор со стручните служби од училиштето од каде досега немаат индиции за занемарување на децата коишто се редовни ученици. Таткото беше повикан на разговор и даде своја изјава дека освен што е во редовен работен однос исто така работи и прекувремено за да со дополнителна работа обезбеди повеќе материјални средства за семејството, а сопругата е невработена и се грижи за децата и домашните обврски, изјави Арсовска.

Во однос на здравствената состојба тој кажал дека во скоро време бил на систематски преглед и кај него не е утврдено никакво заболување, а исто така и сите деца се во добра општа здравствена состојба, но по констатирањето на присуство на ТБЦ кај неговата сопруга и кај новороденото дете тој ги однел сите три деца на тестирање од ТБЦ, резултатите сè уште не се добиени.

Во момент децата не посетуваат училиште, а родителот принудно зел годишен одмор за да може да се грижи за децата и домот во услови кога сопругата се наоѓа на лекување во Скопје а новороденчето на интензивна нега.

-ЈУМЦСР Куманово односно стручните служби продолжуваат со следење на севкупната состојба и помош и поддршка на семејството кое по направената виктимизација сега има проблем да се интегрира во средината односно децата да се вратат во училиште и да бидат прифатени, а тој по завршеното лекување на сопругата да се врати на работните обврски за да обезбедува материјални средства за егзистенција на семејството, вели Арсовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy